Овошна чајна мешавина со брусница
Уникатна мешавина составена од исушени плодови и цветови, спакувана во ново руво од 30 филтер-кесички. Незаменливите цвет од хибискус, плод од шипка и плод од јаболко сега се збогатени со топлиот вкус на цветот од бозел и со пријатниот мирис на плодот од сладок анасон. Круна на оваа комбинација е еден од најмоќните антиоксиданси – брусницата. Богатиот и полн вкус на оваа овошна мешавина ќе ве стопли во најладните денови, а ќе ве освежи во текот на летото доколку додадете неколку коцки мраз во приготвениот чај.
Секое пакување содржи 30 филтер-кесички, секоја по 2 g овошна чајна мешавина.