Чај за добро утро

    Шолја чај за добар почеток на денот

    Дајте му на телото време, но и пријатна, топла напивка за да се разбуди. Мешавината на црн чај, кора од портокал и на ѓумбир, обвиткани во арома на ванила, ќе ве подготви за сите предизвици на денот.

    Интензивниот и единствен вкус и мирис на чајната мешавина има својство да ги разбуди и најсонливите. За секое утро да е добро утро!

    Секое пакување содржи 20 филтер-кесички, секоја со по 2g чајна мешавина.