Алкалакс

    Чајот содржи лист од сена или популарно кај народот познат како мајчин лист. Листот од сена е најчесто користен растителен лаксатив, кој придонесува за нормално празнење на цревната содржина. Листот од нане ја намалува надуеноста и го олеснува испуштањето на гасовите. Исто така, дејствува спазмолитично, односно ги намалува грчвите во цревата и придонесува за нормално варење на храна. 

    Дејството се манифестира по 6 до 8 часа поради што препорачливо е да се користи навечер, пред спиење.

    Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата,а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.

    Достапен е во филтер–кесички – 20 х 1 g и 50 g.