Чај од бозел
Бозелот е грмушка или мало дрво, високо од 2-6 m. Цветовите имаат својствен, многу пријатен мирис, а вкусот најпрво е слузаво-сладок, а потоа малку лут и горчлив.
Плодовите се ситни, сочни бобинки кои кога ќе созреат имаат темновиолетова боја и се исполнети со сок. Бозелот цвета од мај до јули. Цветните китки од бозелот се берат по убаво и суво време, веднаш по отворањето на цветовите. Цветот од бозел е богат со голем број на флавоноидни компоненти, главно хетерозиди, значително висока содржина на калиумови соли, а во помала количина содржи и етерично масло, слузи, танини, фитостероли и витамин Ц.
Чајот од бозел содржи ситни цветови од бозел, собрани од скриените ливади во планините. Чајот е исклучително карактеристичен по својот незаменлив вкус на слатко овошје и на мед, што потсетува на ванила со лимон.
Како најдобро да го доживеете чајот? Иако е погоден за сите сезони, најдобар е за прилики кога ви е потребна топлина, нешто што ќе ве загрее во студените зимски денови. За време на летниот период се препорачува да се пие оладен и делува изнедувачки освежително.
Пакувањето содржи по 20 филтер-кесички, секоја со по 1 g сув цвет од бозел.