Уве микс

    Чајот е мешавина на лист од мечкино грозје, килавица, коњски опаш, на лист од бреза, зајчев трн и на плод од шипки.

    Листот од мечкино грозје поддржува нормална функција на уринарниот систем. Помaгајќи ја екскреторната функција на бубрезите, го нормализира уринарниот проток. Избалансираната количина на коњски опаш и на лист од бреза ја помага елиминацијата на вода преку бубрезите ипреку мочните патишта. Плодот од шипка и коренот од зајчев трн придонесуваат за функцијата на бубрезите и на мочниот меур.

    Се препорачува долготрајна употреба на чајната мешавина „Уве-микс“ (2 до 3 недели) и тоа секогаш свежо приготвен и незасладен, во количини од 500 ml до 1000 ml чај дневно. Чајот се препорачува да се пие и по исчезнување на симптомите на уринарно воспаление.

    Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата, а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.

    Достапен е во филтер-кесички – 20 х 1,5 g, 100 g.