Зелен чај со лимонова трева
Одлично избалансирана мешавина на лист од зелен чај, лимонова трева и на лист од гинко, збогатена со секогаш пријатниот цвет од камилица. Комбинацијата со лимонова трева го прави чајот да биде уште попријатен за консумирање, давајќи му еден освежувачки вкус, кој нема да го заборавите. Поради етеричното масло во билката, таа има изразено силен мирис на лимон.
Гинкото, заедно со цветот од камилица,му дава една посебна нота на вкусот на оваа чајна мешавина, која ви ја препорачуваме за секојдневно консумирање.
Секое пакување содржи 50 g чајна мешавина.