Мигрена микс
Чајна мешавина која придонесува кон олеснување на главоболката
Чајната мешавина се состои од кора од врба, лист од нане, лист од маточина, од вратика, цвет од камилица, цвет од липа и од лист од рузмарин.
Свежо приготвениот чај се пие двапати на ден. Се препорачува континуирано користење на чајот во период од два месеца, по што следува пауза од три недели. Циклусот може да се повторува.
Заради избегнување појава на несакани ефекти (главоболка, нервоза, замор), не се препорачува прекинување на консумирањето одеднаш, туку се препорачува чајната мешавина да се пие еднаш дневно последните две недели.
Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата,а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.
Секое пакување содржи 90 g од чајната мешавина.