Шипка со хибискус

    Наменет е за оние што сакаат освежување за својот организам. Мешавината на органски плодови од шипка и на нежни цветни ливчиња од хибискус ќе ви овозможи да вкусите чај со силно овошен и со кисел вкус, со интензивна црвена боја и со освежителна арома. 

    Како најдобро да го доживеете чајот?Пријатен е за консумирање во кој било дел од денот, во кое било годишно време, но само во пријатно друштво.

    Секое пакување содржи 20 филтер-кесички, секоја со по 2,5 g чајна мешавина.