Известување за приватност – Креирање чајни мешавини

    Учество во креирање на чајни мешавини
    За да учествувате во креирањето на сопствени чајни мешавини преку веб-страницата на Good Nature, потребно е да ја внесете вашата електронска адреса. Истата ќе ја користиме исклучиво за комуникација поврзана со вашата пријава – на пример, за да ве информираме дали е прифатена или дали сте добитник на награда. Со внесувањето на електронската адреса во задолжителното поле, се смета дека доброволно давате согласност за обработка на вашите лични податоци за овие цели.

    Согласност за билтени 
    Дополнително, би сакале да ја користиме вашата електронска адреса и за испраќање повремени промотивни информации поврзани со производите и услугите на Good Nature. Сепак, вакви билтени ќе ви бидат испраќани само доколку ни дадете изречна согласност за таа намена.

    Со селектирање на копчето „Се согласувам“, давате согласност за користење на вашите лични податоци со цел добивање промотивни информации за производите и услугите на Good Nature, преку билтени испратени на вашата електронска адреса. За испраќање билтени, нашата веб-страница ја користи платформата Mailchimp, што значи дека вашата електронска адреса ќе биде споделена со Mailchimp. За повеќе информации, ве молиме погледнете ја нашата Политика за приватност или контактирајте го Офицерот за заштита на податоци на: [email protected]

    Доколку не сакате да примате наши билтени, можете да го изберете копчето „Не се согласувам“ и ќе можете непречено да продолжите со вашето учество во креирањето на чајни мешавини. Во секој момент можете да ја повлечете вашата согласност за примање на билтени со кликнување на опцијата „unsibscribe“ која се наоѓа на дното од секоја наша електронска порака, или со директен контакт со нас на следната адреса: [email protected]