Хиперик микс

    Чајна мешавина што придонесува за нормална функција на желудникот

    Состав: лист од жалфија, ајдучка трева, жолт кантарион, петровец, лист од нане, лист од маточина и кора од крушина.

    Приготвување и начин на употреба: една супена лажица од чајната мешавина се прелива со 300 ml зовриена вода и се остава да отстои 10 минути во покриен сад. Повремено се меша, а потоа се цеди.

    Се пие свежо приготвен, двапати на ден, пред јадење.

    Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата, а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.

    Секое пакување содржи 100 g од чајната мешавина.