Чајна мешавина за дишни патишта

    Свежо приготвена топла чајна напивка од билки кои изобилуваат со етерични масла е секогаш добредојдена. 

    Чајната мешавина за дишни патишта содржи повеќе билки, меѓу кои жалфија, која придонесува за здравјето на горните дишни патишта, и црн бибер, кој, исто така, помага за нормална функција на респираторниот систем.Мешавината уште содржи матичина, плод од смрека, оригано и чубрица.

    Приготвување: eдна супена лажица од мешавината се прелева со 250 мл врела вода. Се остава да отстои 10 минути во покриен сад, а потоа се процедува. Чајот се пие 2-3-пати на ден, пред јадење.​ Чајот може да се користи и за инхалација.

    Производот да не се користи подолго од две недели.

    Секое пакување содржи 100 g од чајната мешавина.