Чај од црвена детелина
Црвената детелина во својот состав содржи голем број изофлавоноидни компоненти, кои придонесуваат за воспоставување и за одржување на нормалниот баланс на естроген кај жените. Поради присуството на овие компоненти, билката, исто така, придонесува за одржување на нормалната функција на организмот при состојби на менопауза (климактериум). Црвената детелина придонесува и за одржување на нормалниот метаболизам на холестеролот и на мастите во крвта, а, исто така, се употребува и за одржување на нормалната функција на простатата.
Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата, а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.
Достапен е во пакувањe од 20 x 2 g цвет од црвена детелина.