Калуѓерски бибер
Vitex agnus-castus
Фамилија: Lamiaceae
Делови што се користат: плод.
Ботанички опис: билката е убава грмушка која расте 1-2 метри во височина. Листовите се долгнавести, од долната страна белузлаво памучни, а од горната темнозелени и мазни. Гроздовидните цветови даваат мали црвенкасто-црни плодови, кои личат на бибер. Целата билка има мирис што потсетува на бибер.
Живеалиште: природно расте на сиот Медитеран. Плодот се собира од дивите растенија. Најголеми производители се Албанија и Мароко.
Историја: историјата на калуѓерскиот бибер е интересна мешавина на митологија, чедност и на плодност. Легендата вели дека калуѓерите го користеле овој плод за да го намалат либидото, што им помагало да го одржат заветот за целибат. Гранчињата од билката се врзуваат со многу ликови од грчката митологија. Платон дури ја опишал билката како заштитник од „ударите на Венера и на Платон“. Се вели дека Хера, заштитничката на бракот и сопруга на Зевс, била родена под ова дрво. Популарноста во другите делови од Европа и од Америка расте од почетокот на 20. век.
Употреба: калуѓерскиот бибер е добар сојузник на жените. Се користи при менструални проблеми, како што се нерегуларни менструални циклуси, предменструален синдром и болки во дојките.
Библиографија
- Artz M.B., Tracy T.S., Kingston R.L. Herbal Products: Vitex agnus-castus. Forensic Science and Medicine. Humana Press, 2007.
- Joanne Barnes, Linda A Anderson and J David Phillipson. Herbal Medicines, third edition. Pharmaceutical Press 2007.
- Max Wichtl. Herbal drugs and phytopharmaceuticals: Agni casti fructus. CRC press, 2004;
- Community herbal monograph on Vitex agnus-castus L., fructus, EMA/HMPC 2010.
- Upton, Roy. American HerbalPharmacopeia and Therapeutic Compendum: Chaste tree fruit, AHP 2001.