En

    Анасон

    Foeniculum vulgarе

    Фамилија: Apiaceae (Umbelliferae)

    Делови што се користат: плод.

    Ботанички опис: билката расте од 1 до 3 метри во височина. Раскошно разгранетото стебло носи многу тенки ливчиња. Малите жолти цветови се поставени во штитоносни соцветија. 

    Живеалиште: потекнува од Медитеранот. Се одгледува во Европа, Азија и во предели со умерена клима – во Африка и во Јужна Америка. 

    Историја: Старите Египќани, Грци и Римјани ги јаделе ароматичните плодови на анасонот. Грчките атлетичари, за време на своите тренинзи, јаделе од семето на анасонот за да ја регулираат телесната тежина. Митот вели дека Прометеј, натпреварувајќи се со Зевс, земал едно парче жар и го фрлил во шупливото стебло на анасонот. Верувале дека оттаму потекнуваат сите својства на анасонот. Во Кина се сметал за лек против каснување од змија. 

    Употреба: традиционално, семето од анасонот се користи при нарушувања на органите за варење, стомачни колики, подуеност и при гасови. За овие индикации особено е корисен кај децата. Во случај на продуктивна кашлица се користи за олеснување на искашлувањето. 

    Фиренцискиот вариетет на анасонот (Foeniculum vulgare var. azoricum) во подножјето на стеблото формира крушовидно, месесто проширување, кое се употребува како храна.

    Слаткиот анасон (Foeniculum vulgare var. dulce) e вариетет на анасонот, кој има специфичен слаткаст вкус и кој се користи при стомачни колики кај доенчиња и кај деца.

     

    Библиографија

    • Foeniculum vulgare miller subsp. Vulgare var dulce (Miller) Thelung, Fructus fennel fruit, sweet. HMPC Assessment Report Summary for the Public. EMA/HMPC 2008.
    • Jeanne D’Andrea. Ancient Herbs in the J. Paul Getty Museum Gardens. Second printing. Malibu California: The J. Paul Getty Museum, 1982.
    • WHO monographs on selected medicinal plants Volume 3: Fructus foeniculi.Geneva: World Health Organization 2007.
    • Prof Dr Ali Esmail Al-Snafi. The chemical constituents and pharmacological effects of Foeniculum vulgare  - A review. IOSR Journal Of Pharmacy, 2018.