En

    Рузмарин

    Rosmarinus officinalis L.

    Фамилија: Lamiaceae

    Делови што се употребуваат: лист.

    Ботанички опис: рузмаринот е зимзелена грмушка, која расте и до 2 метри височина. Има издолжени листови, зелени од горната и со нијанса на сиво од долната страна. Неговите цветови се ретко розови, а многу почесто има сини или бели цветови.

    Живеалиште: природно расте на Медитеранот, но се култивира и во неколку европски земји и во САД. 

    Историја: рузмаринот во Античка Грција и во Рим важел за билка на меморијата, истовремен симбол на љубовта и на смртта. Името му потекнува од ros maris,што преведено од латински значи „роса на морето“. Учениците во Античка Грција, верувајќи дека ќе ја изострат меморијата, ставале рузмаринови гранчиња во косата. Во тој период се верувало дека гранче рузмарин под перница штити од лоши соништа.

    Употреба: рузмаринот држи важна позиција во кулинарството. Се додава во јадењата за да го олесни варењето на храната. Од истите причини се користи и во форма на чај. Топлите купки со рузмарин помагаат при слаби мускулни болки, при болки во зглобовите и при нарушувања на периферната циркулација.

     

    Библиографија

    • Joanne Barnes, Linda A Anderson and J David Phillipson. Herbal Medicines. Pharmaceutical Press, 2007.
    • Community herbal monograph on Rosmarinus officinalis L., folium. EMA/HMPC, 2010.
    • Jeanne D’Andrea.
    • Ancient Herbs in the J. Paul Getty Museum Gardens. 
    • Second printing. Malibu, California: The J. Paul Getty Museum, 1982